(ВИДЕО) Најмалку 10 поплавени објекти во Делчево по силното невреме - екипите на терен

Како што информиравме и претходно, големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево.

Според информациите од ЦУК, во невремето има поплавени објекти. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.

„Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари, додека Јавно комунално претпријатие во секој момент се очекуваа да излезат на терен и да интервенираат.

До со сега во Делчево се поплавени 10 објекти, но бројот на поллавени објекти, според информациите од терен, се очекуваа да расте“ велат од ЦУК.

Некои од граѓаните споделуваат видеа од невремето.

08.06.2023 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега