ВИДЕО: Над милион луѓе ја погледнаа неговата снимка - доктор објасни зошто некои луѓе не треба да носат ракавици во продавница

Маските за лице и медицинските ракавици станаа неопходен додаток секој пат кога ќе излезете од домот. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека тие можат да направат повеќе штета отколку добро. Последниот што го стори тоа е хирургот во Велика Британија, Каран Рангарајан.

Тој направи видео преку социјалната мрежа ТикТок во кое објаснува зошто е подобро почесто да ги миете рацете.

„Носите ракавици, во продавница сте, ги допирате работите, собирате бактерии“, рекол тој во снимката, која стана вирална.

„Во текот на денот допирате сè повеќе работи со истите ракавици, бактериите се насекаде, вие ги акумулирате. Сега на ракавиците има повеќе бактерии и вируси отколку ако сте ги измиле рацете секојпат“, додава тој, предупредувајќи дека со истите овие нараквици ненамерно можете да го допрете лицето и така да ги пренесете бактериите на кожата.

„Запамтете, со тие исти ракавици можете да го допрете воланот, можете случајно да го допрете лицето, пренесувајќи ги бактериите на себе.“

„И потоа, кога ќе ги соблечете ракавиците, можеби случајно ќе ги допрете самите ракавици. Само мијте ги рацете, бидете внимателни и останете безбедни“, заклучил д-р Рангараџан.

Да потсетиме, најдобрата превенција е често да ги миете рацете со сапун и топла вода и да користите средства за дезинфекција на раце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега