ВИДЕО: На водителот му порача дека е безобразен- Наташа Беквалац ронеше солзи среде емисија

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац повторно се расплака среде емисија, откако тоа претходно пред неколку години го направи во емисијата „Амиџи шоу“.

Овој пат пејачката во емисијата „Гламур“ беше емотивно изненадена од видеоприлогот во кој таа е со нејзините ќерки Хана и Катја.

По видеото таа започна да плаче а на водителот му порача дека е безобразен.

-Јас сега навистина ќе бидам најголема плачка која некогаш била на телевизија, навистина не си нормален, изјави Беквалац по гледање на прилогот.

Целиот емотивен прилог и солзи на пејачката можете да ги погледнете од 27:50 минута.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега