ВИДЕО: На овие крадци цел интернет им се смее - успеале да влезат во златара, но излезот бил проблем

На интернет кружи урнебесна снимка од тројца разбојници кои уште во април 2019 година ограбиле една продавница за накит во северен Лондон.

Снимката станала повторно актуелна со оглед на тоа дека еден од разбојниците, 32-годишниот Ендру Елиот бил осуден на 7 години затвор затоа што украл накит вреден 21.000 фунти. На снимката се гледа како еден од разбојниците се обидува да избега од продавницата, но продавачката пред тоа притиснала тастер за заклучување на вратата и потоа избегала во тоалетот каде се заклучила и повикала полиција. Во тој момент во продавницата влегле и двајцата други разбојници, но бидејчи бил активиран системот за заклучување со кој вратата од внатре не може да се отвори, крадците не можеле да излезат.

Еден потоа се сетил дека треба да ги притисне тастерите и тоа и го сторил, а другиот потоа излегол надвор. Но, кога излегол не ја задржал вратата, па во продавницата заклучени останале неговите двајца пријатели.

Другиот крадец на истиот начин излегол надвор, но направил иста грешка како и првиот, колегата кој останал внатре исто така му ја затворил вратата пред нос. Со оглед на тоа дека не можел да ја отвори вратата, почнал да тропа по нив за на крајот еден од минувачите да му помогне да избега. Но, сепак бил уапсен и осуден на казна затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега