ВИДЕО: На Мицкоски не му дозволуваат да го види Јанакиески во болница - повикано засилување

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски е моментално во во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески во затворот во Шутка.

На Мицкоски  не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески, пренесе Курир.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега