ВИДЕО: На крузерот кој го одбиваа 5 земји нема заразени - се исплашија од коронавирус, па не им даваа на патниците да излезат

Патниците на крузерот „Вестердам“ кој две недели поминаа на море затоа што пет земји не му дозволуваа да се усидри од страв поради ширење на коронавирусот, почнале денеска да се симнуваат во Камбоџа.

Крузерот, во кој имало 1.455 патници и 802 членови на екипажот, се закотвил во четвртокот во крајбрежјето Сиханоквила во Камбоџа.

Бродот се усидрил за надлежните во Камбоџа да влезат и земат примероци од патниците кои покажувале знаци на лошо здравје или симптоми слични на грип.

Меѓутоа, како што соопштило Министерството за здравство во таа земја, тестовите покажале дека никој на крузерот не е заразен со коронавирус.

Властите на Камбоџа денеска им дале дозвола на патниците да излезат од бродот, се наведува во соопштението на операторот на бродот „Holland America Line".

Крузерот започнал со патување минатиот месец во Сингапур, а последното застанување го имал во Хонг Конг, каде досега се потврдени 50 случаи на коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега