ВИДЕО: „На 10. спрат беше хорор“ - исповед на жителите од Тирана после денешните земјотреси

Најмалку 49 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени кој денеска го потресе западниот дел од Албанија, објавиле локалните медиуми.

Земјотресот бил регистриран на 13 километри северно од Драч, во нешто после 14 часот.

Портпаролката на Министерството за здравство Етиола Колја Налбани рекла дека според првичните информации најмалку 30 луѓе се повредени, но никој потешко, пренесува АП.

Локалните медиуми известуваат дека пак 49 лица се примени во болница во Тирана.

После вториот потрес од 5,3 степени, луѓето истрчале на улица.

„Сите наши соседи истрачаа врескајќи. Фала му на Бога па не траеше долго, околу 20 секунди. На десеттиот спрат беше хорор. Не се сеќавам на посилен земјотрес од овој“, рекол за Ројтерс 67-годишен пензионер од Тирана.

Една постара зграда во Тирана е евакуирана затоа што после потресите во неа се појавиле пукнатини, а делови од фасадата почнале да отпаѓаат.

Во Драч и Тирана има оштетени кучи, а поедини домаќинства останале без електрична енергија.

Албанскиот премиер Еди Рама го откажал патот за Њујорк поради земјотресите.

Ова е најсилниот земјотрес во последните 30 години во Албанија, а се почувствува и во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега