Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати

Денеска (15.07.2026) од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност, за кој имот од страна на Основен суд Кочани се определени привремени мерки за обезбедување со привремено одземање на шест патнички возила “џип”, “порше”, “фолксваген”, “ауди”, “бмв” и “пасат”, како и недвижен имот-стан.

ОВР Кочани продолжува со преземање на мерки и активности за утврдување на законитоста на стекнатиот имот.

Exit mobile version