ВИДЕО: „Можам сама да засадам дрво“ - кралицата зграби мотика и сама си ја заврши задачата

Британската кралица Елизабета Втора која има 93 години ја воодушеви јавноста кога за време на посетата на Кембриџ одби некој друг да засади дрво наместо неа, зграби мотика и засади дрво.

На кралицата ѝ било понудено за неа тоа да го стори директорот на Националниот институт за земјоделска ботаника, Дим Годфри, но таа одбила.

„Не, не, се уште можам да засадам дрво“, возвратила кралицата, ја предала својата чанта на дворската дама со молба: „Можете ли да ја земете? Не можам две работи во исто време“, рекла кралицата и ја зграбила мотиката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега