ВИДЕО: Морничав напад - воспитувачка искасапила деца во градинка и си ги пресекла вените

Најмалку 5 лица се избодени со нож, вклучувајќи и три деца во јасли во Квинс, соопштила денеска полицијата

Возраста на децата не е позната, но за едно девојче се знае дека е во критична состојба, соопштила полицијата.

Две лица, еден маж и една  жена исто така се избодени и немаат повреди опасни по живот, но еденод нив се здобил со сериозни повреди.

Споед првичните информации инцидентот се случил во градинка, а нападот го почнала воспитувачка.

Жена со рани кои сама си ги нанела била уапсена, соопшти полицијата.

Наведено е дека 52-годишната жена е најдена во подрумот на јасли делот со повреда на левиот зглоб кој сама си го пресекла.

Засега не се знае мотивот за нападот.

 

 

 

21.09.2018 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега