ВИДЕО: Моментот кога птици упаднале во моторот на рускиот авион - пилотот брзо реагирал, спасени 233 патници

На интернет се појави кратко видео од моментот кога птици упаднале во моторот на авионот ербас А321. На снимката се гледаат неколку птици кои прелетуваат покрај прозорците на авионот кој полетува.

Ова ја потврдува верзијата дека причина за принудното слетување на авионот е судир со јато галеби. Пилотите брзо ги исклучиле моторите. Авионот слетал директно на трупа во пченкарно поле во близина на селото Рибаки.

Кремљ денеска соопштил дека на „херојот“ пилот Дамир Јосупов ќе му додели државно одликување поради тоа што успешно извел принудно слетување на патничкиот авион со 233 патници во поле со пченка откако авионот при слетување удрил во јато птици.

„Денеска е навистина добар ден. Да си честитаме едни на други што 233 патници и членови на екипажот се живи, да им посакаме брзо закрепнување на оние кои се повредени и да му честитаме на херојскиот пилот кој ги спаси животите и го приземји авионот“, рекол портопаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Податоците од црната кутија на леталото се зачувани и ќе бидат предадени на експертите на анализа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега