ВИДЕО: Момче со палка демолира автомобил во Битола

На социјалната мрежа „Твитер“ беше споделено видео од Битола во кое може да се види како младо момче со метална шипка демолира автомобил.

– Добро утро, како спиеше комшија?! По улици возрасни убиваат, деца со палки се шетаат, сѐ е отидено – пишува во описот на видеото.

Засега не се познати причините поради ваквиот потег на младото момче, кој е неговиот мотив за ваквото дело, но се очекува од МВР да излезат со повеќе детали за настанот.

20.06.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега