ВИДЕО: Момче претрчувало по улица во Украина - по удар од автомобил излетало неколку метри во воздух

Мал Украинец имал повеќе среќа од памет, а постои снимка која тоа го докажува.

На снимката се гледа едно момче со училишен ранец на грбот кое движејќи се по улица одлучило да премине на спротивната страна на улицата, но не на пешачки премин.

Момчето пропуштило неколку возила и претрчало на друата страна кога од другата страна му се приближил автомобил. Автомобилот го отфрлил момчето на неколку метри.

Возачот веднаш закочил, а тогаш се случило чудо. Момчето веднаш станало од улицата, како ништо да не се случило и истрчало на тротоарот за да ја облече патиката која му испаднала при ударот. Возачот му пришол на момчето, а набрзо се доближиле и друите минувачи кои биле сведоци на случката.

Неверојатно е што момчето поминало без никакви повреди, иако се чинело дека во најмала рака ќе помине со скршеници.

Погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега