ВИДЕО: „Мислев дека никогаш нема да престане“ - паѓале фасади и луѓето бегале од своите домови исплашени од земјотресот во Грција

Земјотресот со магнитуда од 6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска грчкиот остров Крит, сооппшти Европско-медитерански сеизмолошки центар.

Потресот се случил 20 километри југоисточно од градот Ираклион, на длабочина од 2 километри.

Најблиската населба до епицентарот е Ано Арханес, која има 3.900 жители. Таа од местото на земјотресот е одалечена 10 километри.

Потресот е забележан во 08:17 часот по средноевропско време, односно 09:17 по грчко.

Сведоците од Ираклион рекле дека потресот бил исклучително силен и дека долго траел. Поедини училишта биле евакуирани. Локалното население истрчало на улиците. Според првите информации, има материјални штети.

„Никогаш претходно не сум почувствувал толку силен или долготраен земјотрес. Луѓето излегоа од своите домови. Кај мене нема очигледни оштетувања, но работите се изместија. Имав чувство како да нема да престане“, напишал еден жител на Ираклион.

27.09.2021 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа