(ВИДЕО) Мираковска до бугарски европратеник: Јас сум Македонка и зборувам на македонски јазик

„Ниту на мене, ниту на моите сограѓани не може да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик“, кажа пратеничката Соња Мираковска во дебатата со бугарскиот колега Александар Јорданов.

Јорданов кажа дека Советот на Европската унија дал став во кој е порачано дека Македонија мора да изврши промена на својот Устав пред да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

„Јас сум Македонка, која зборува на македонски јазик и живее во Македонија и тоа е мојот идентитет. Ги признавам сограѓаните Албанци, Турци, па и Бугари ако ги има“, кажа Мираковска.

ВИДЕО: Сител

 

06.10.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега