ВИДЕО: Министрите и нивните заменици на „удар" на метлата на Заев

Метлата на Заев ќе почне да игра од почетокот на идниот месец. Премиерот денеска потврди дека први на удар ќе бидат министрите во неговиот кабинет и нивните заменици, јавува Сител.

Според Заев на удар ќе бидат арогантните и неодговорни кадри како и оние кои се вплеткале во непотизам и се дел од предметите на антикорупциската комисија.

За еден министер да биде сменет, потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник во Собранието. Доколку Заев се реши да смени повеќе од 8 министри, тогаш во законодавниот дом ќе тече постапка како за избор на нова Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа