(ВИДЕО) Мицкоски: Жалам што кандидатите на СДСМ не нудат ништо ново

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оцени дека новите кандидати за претседател на владејачката СДСМ, нема да донесат промени во партијата, односно дека ќе го продолжат начинот на работење на досегашниот лидер, Зоран Заев.

„Од она коешто можам да го видам, како потенцијални кандидати, не очекувам ништо повеќе од продолжување на политиките на заевизмот. Навистина жалам што не понудија новитет, не понудија исчекор. Не би сакал понатаму да коментирам бидејќи, како што веќе сум кажал, политички е некултурно да ги коментирате состојбите во другите политички субјекти“, кажа Мицкоски.

 

03.12.2021 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега