Видео: Медицинските сестри во Македонија бараат да бидат плаќани по дежурства

 

Унијата на медицински сестри, акушерки и техничари “За нас“ не го прифаќа понуденото зголемување за 80 денари за ноќен труд. Со овие пари би добивале околу 300 денари месечно. Категорични се дека со ова не се вреднува нивната работа. Околу 5500 здравствени работници со средно, вишо и високо образование обединети во Унијата инсистираат нивната ноќна работа да биде плаќана како дежурство исто како за лекарите, јавува Сител.

-Според сегашниот начин на пресметка за ноќната смена тие добиваат 210 денари или 29 проценти од саатнината, а со најавеното зголемување на 65 проценти од саатнината би добиле покачување од само 80 денари, што велат, не е прифатливо, изјави Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата наздруженија на медицински сестри “За нас“.

Од Унијата на здруженија на медицински сестри денеска одржаа итен состанок со гранковиот синдикат за здравство. Револтирани се што воопшто не  биле ниту вклучени ниту информирани за овој анекс договор.

-Сестрите и другите сродни струки не работат во таква сменска работа, туку заради потребите на службите и дефицит на персоналот во викендите, празниците, па и во обичните денови работат по 15-16 часа, со што ја надминуваат 12-часовната саатнина која формира сменска работа, односно влегуваат во саатнина која значи дежурство, додаде Бешлиовска.

Медицинските сестри и останатиот средно медицински кадар здружени во унијата  никвните барања ќе ги достават и до министерството за здравство. А за следните чекори дополнително ќе одлучат.

 

 

 

16.04.2018 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа