ВИДЕО: Медицинска сестра од Њу Џерси ја снимила својата битка со коронавирусот, која ја изгубила после 24 дена

Мислела дека ќе може да го победи вирусот лекувајќи се од дома, но поради влошената состојба, таа завршила во болницата. Починала 24 дена откако се разболела.

Медицинска сестра од Њу Џерси која почина од коронавирус ги помина последните три недели од животот снимајќи ја битката за животот во застрашувачко видео. Покажува како температурата што ја спуштила дома се претворила во ужасен напад врз целото тело, а потоа останала без здив во преполната болница.

– Здраво на сите, имам температура што не можам да ја спуштам, но одморам во креветот. Не сакам да одам во болница – вели Памела Орландо (65) на почетокот на видеото.

Видеото е направено на крајот на март, но неодамна се појави на социјалните мрежи.

Ова е почетокот на нејзините симптоми и таа изгледа релативно здрава, убедена дека ќе може да го победи вирусот дома.

Но, следниот ден, нејзиното лице станува сиво, а нејзиното однесување е значително различно кога вели на камерата: „Дали се чувствувам како ср**е?“

– Болки во грбот, температура која не сака да се спушти, па дури и кога ќе се спушти, сепак е непријатно чувство – вели Орладно, сè уште од дома.

Следниот ден, медицинската сестра се снимала себеси како лежи во болнички кревет како дишела со помош на носната канила.

– На третиот ден од прекрасниот вирус, слушнав дека деветтиот ден е полош, среќна сум што сум за добаро за сега – вели таа, надевајќи се дека нејзината состојба ќе се подобри.

Сепак, на четвртиот ден, видеото доби мрачен тон, бидејќи медицинската сестра се снимала во 3.30 часот додека лежи во болнички кревет.

– О Боже, ова не е шега, толку ми е непријатно – вели таа.

Следното видео ја покажува преполната состојба во болницата, додека Орландо се жали дека допрва треба да ја види медицинската сестра.

Состојбата на оваа мајка продолжува да се влошува, до моментот кога не знае ни кој ден е.

– Не знам кој ден е, но се чувствувам ужасно. Толку е лошо, што не сум сигурна дека ќе успеам. Те молам Боже, помогни ми – вели очајно.

Потоа следат снимки во кои не зборува ништо, само се снима додека сè уште има канила во носот.

– Мислам дека е сабота, 21:15 часот. Денес не е добар ден. Јас дури и не можам да се помрднам, а да не останам без здив. Само молете се за мене да биде добро – вели таа.

Последните две клипа покажуваат како Орландо кашла во кислородна маска на лицето, и ги моли оние што ја следат да се молат за неа.

-Сè уште не се чувствувам добро, вели таа.

Орландо починала на 16 април, 24 дена откако се разболела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа