ВИДЕО: Мечка спасува младенче од Пена во тетовско Бродец

 

Жители на тетовското село Бродец споделија снимка каде се гледа како мечка се обидува да спаси младенчиња, кои паднале во реката Пена. Од видеото се гледа како таа влегува во реката и се обидува да ги извади.

„Видео снимено во близина на селото каде мечката се обидува да ги спаси младенчињата од реката. Видео испратено од Азам Амети“, стои во објавата од фејсбук страницата „село Бродец“.

Во коментарите на објавата има и видеа од кои се гледа дека претходно мечката трагала по младенче и низ планината.

09.06.2023 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега