ВИДЕО: Маж влегол во ноќен геј клуб и почнал да пука - прва снимка од Осло

Во главниот град на Норвешка две лица загинаа, а 19 се повредени во напад, по што полицијата почна истрага.

„Местото на злосторството се протегало на неколку локации, од „Лондон паб“ до друг клуб во близина, како и околните улици, а во една од нив напаѓачот бил набрзо уапсен, само неколку минути по отворањето на огнот,.

„Лондон паб“ е популарен геј бар и ноќен клуб во центарот на Осло.

„Видов човек со торба во раката. Тој извади пиштол и почна да пука“, изјави новинарот Олав Ренеберг, кој бил сведок на пукањето во норвешката престолнина.

Како што беше наведено, утринава во 01:19 часот полицијата добила неколку пријави за пукање во центарот на градот, пренесува Ројтерс.

Засега властите сметаат дека напаѓачот делувал сам.

25.06.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа