ВИДЕО: Маж претепан на плажа во Грција затоа што не сакал да го помести пешкирот - нападнат пред жената и децата

Грк бил претепан на плажата Ахлада, во близина на Сарти на Халкидики, само затоа што не сакал да го помести пешкирот кој го ставил во близина на барот на плажата. Како што пренесуваат српските медиуми му било кажано да се тргне бидејќи се работи за приватна плажа иако сакал да седи на страна односно да не ги користи лежалките на плажата.

Гркот објави и видео на Фејсбук кое го споделија дел од администраторите на страните за одмор во Грција.

Медиумите пишуваат и дека сопствениците на плажите во Грција мора да ги постават лежалките на три метри од морето, што воопшто не се почитува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега