ВИДЕО: Масовно пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот и натаму е во бегство

 

Празничната парада во САД на 4 јули се претвори во хаос, врескање и паника кога имаше пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис.

На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели проследени со паника.

Најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, информираа од полицијата.

Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земјата.

Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-ен-ен дека слушнал 20-25 истрели.

Напаѓачот пукал од врвот на една од околните згради и сѐ уште не е уапсен.

04.07.2022 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа