ВИДЕО: Манијак сексуално вознемирува станарки во зграда во општина Кисела Вода

Станарки на зграда во општина Кисела Вода се жртви на лице кое сексуално ги вознемирува, објави Сител. Според сведоштвата на жителите тој јавно се самозадоволува пред станарките. Тој влегува во лифотот заедно со станарките, го извршува делото и вообичаено слегува еден кат подоле од жртвата, односно во повеќето случаи го одбира вториот кат.

Станарите го пријавиле случајот во полиција и ги доставиле снимките од безбедносната камера. Лицето сѐ уште не е пронајдено, ниту уапсено. За ова дело се предвидува парична или казна затвор од една година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега