ВИДЕО: Малиот Павле од Мостар скокаше по крстот и ги засени сите - „Едвај чекав да дојдам“

Осумгодишниот Павле Жерајиќ прв допливал до Светиот крст во реката Неретва во мостарската населба Ортијеш.

Павле бил еден од триесетте учесници кои одлучиле да ја испочитуваат традицијата и скокањето по крстот на Богојавление во Мостар.

Павле по фаќањето на крстот рекол дека му било ладно, но дека едвај чекал да дојде овој празник, бидејќи неговиот татко секоја година пливал по крстот.

-Ми беше чест да пливам по Светиот крст и ќе дојдам и следната година - рекол Жерајиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега