ВИДЕО: „Мал Чернобил" - Цистерни и рѓосани машини во Охис

Мал Чернобил вака вработените ја нарекуваат поранешната фабрика Охис. Во организирана обиколка,  јавноста конечно доби можност да види дел од токсичниот отпад кој со децении е сместен овде. Цистерни, силуси, рѓосани машини, цефки сведочат за некогашната голема хемиска фабрика но надлежните не откриваат што се се крие во нив, јавува Сител.

Иако се чувствува миризба, резултатите го покажуваат спротивното, дека метил акрилат не испарил во воздухот, супстанцата била присутна само во цефките од резервоарот.

Министерот за животна средина Насер Нуредини тврди дека нема опасност за граѓаните. Директорот не се плаши од одговорност и тврди дека работи согласно елаборатот.

-Винил хлорид во Европа не се користи веќе 30 години, државите го исчистиле уште пред 3 децении. Тешко е да се најде фирма која сега ќе се справи со оваа цистерна. Само 2 печки во Европа има што можат да го согорат.  Еко центар97 сме се уште во преговори, смета Владо Момировски, директор на Еко Центар 97, јавува Сител.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега