ВИДЕО: Макрон испрати порака за Вучиќ и тоа на кирилица

Францускиот претседател Емануел Макрон ја заврши дводневната посета во Белград, а пред самото полетување за Париз, на Инстаграм објави порака за претседателот на Србија, Александар Вучиќ и тоа на кирилица.

Имено, Макрон напишал „Големо благодарам Вучиќ“, на снимка на која се поздравува со Вучиќ.

Тоа не е единствената снимка која францускиот претседател ја објавил од Белград, туку и на својот профил, но и профилот на Јелисејската палата редовно објавувал видеа, вклучувајќи го и оној на кој држи говор на чист српски јазик на Калемегдан.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега