ВИДЕО: Македонскиот јутјубер со солзи во очите зборуваше за болеста - „Имам рак на тестиси на 23 години“

Со солзи во очите, македонскиот јутјубер, 23-годишниот Стефан Рашкофиќ во своето видео одлучи да проговори за ракот на тестиси кој му бил дијагностициран на 23 јули минатата година.

Популарниот Стефонатор вели дека тој ден нема никогаш да го заборави.

„Најлошото нешто што можете да го направите во тие моменти е да го земете телефонот и да гуглате. Веднаш во глава ти доаѓаат илјада сценарија, веднаш помислуваш на најлошото“, ја почнува својата исповед момчето кое се прослави и по серијалот „90 секунди“ каде досега гостуваа многу познати личности од различни сфери на јавниот живот.

Стефанатор во детални го опиша оперативниот зафат за четирите циклуси на хемотерапии, но и за последиците од истите.

По видеото тој доби огромна поддршка од своите фанови. 

И акотерот Васил Зафирчев кој порача да се надеваме дека оваа храбра и емотивна приказна некому ќе значи животна сила, поттик и инспирација.

„Силна поддршка и искрена желба за побрзо закрепнување на Стефанатор и на сите мажи кои се борат со оваа болест“, напиша Зафирчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа