ВИДЕО: Македонка која се излечи од коронавирусот од дома пее за сите медицински лица и пациенти кои сè уште се борат во болница

Михаела Јаневска е еден од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.

Таа сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница и се борат со вирусот.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – пишува Михаела.

Михаела, која се сомневала дека е заразена со Ковид-19, патувала со маска и ракавици во авион од Барселона за Скопје, одвоена од другите патници.

Таа веднаш се јавила на Клиниката за инфективни болести и не зарази ниту еден друг патник во авионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега