ВИДЕО: Македонец киднапиран во Тирана - Го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин за кој барале 250.000 евра.

Уапсени биле двајца жители на Тирана на возраст од 41 и 42 години, а како што се пренесува, од слобода ќе се брани 50-годишник од Струга.

- „Тројцата осомничени во соработка со уште едно лице, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициското соопштение за настанот, кое го пренесуваат албанските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега