Светски познатиот музеј Лувр во Париз е затворен по грабежот за време на кој бил украден накит што им припаѓал на Наполеон и Жозефина Бонапарта, во вредност од милиони.
- Јас сум на местото на настанот, заедно со вработените во музејот и полицијата – изјави француската министерка за култура Рашида Дати по грабежот што се случи во музејот Лувр.
Грабежот во Лувр предизвика вонредна состојба во Париз и полицијата е насекаде.
Во меѓувреме, полициски извори изјавија за „Ле Паризиен“ дека „криминалците пронашле пристап до зградата на брегот на реката Сена“, каде што се во тек градежни работи.
Полицијата ги евакуира посетителите на музејот
- Тие користеле товарен лифт што води директно до целната просторија. Откако ги скршиле прозорците, двајца мажи влегле, крадејќи девет парчиња накит од колекцијата на Наполеон и Жозефина – ѓердан, брош и друго – изјавиле извори за „Ле Паризиен“.
Фотографиите и снимките од местото на настанот покажуваат како паничените посетители на музејот се принудени да се евакуираат додека полицијата го блокирала просторот.
Маскирани мажи носат моторни пили?
Француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи влегле во Лувр кратко по неговото отворање утрово.
Се наведува дека користеле товарен лифт за да пристапат до галеријата Аполо, на страната на Сена од музејот.
Крадците наводно носеле мали моторни пили.
Побегнале со девет парчиња накит на скутер.
French culture minister Rachida Dati confirms a robbery at the Louvre Museum in Paris.
— BPI News (@BPINewsOrg) October 19, 2025
No injuries reported, but the museum has closed for “exceptional reasons” as investigations continue.
What was stolen remains unclear. #Louvre #Paris pic.twitter.com/2Fk2vtwxn2