Непријатен момент го одбележа пријателскиот хокеј натпревар во Белорусија, кога претседателот Александар Лукашенко доживеа пад на мразот по случаен судир со соиграч. Инцидентот накратко го прекина мечот, кој на крајот заврши нерешено 5-5.

До падот дојде кога играчот со број 68, Јарослав Чуприс, ненамерно го удри Лукашенко во грбот. Претседателот, кој настапуваше со дрес со број 01, ја загуби рамнотежата и падна на лизгалиштето, при што со главата удри во мразот. Натпреварот беше привремено запрен, а Чуприс веднаш се врати за да му помогне, додека неколку соиграчи му притрчаа на помош.

По инцидентот, Лукашенко изјави дека се чувствува добро и дека падот нема да го спречи да продолжи со настапите.
„Сè е во ред. Имам само истегнат мускул на грбот и веќе се подготвувам за следниот натпревар“, изјави тој, оценувајќи ја ситуацијата како „типична работна сцена“.

Од кабинетот на претседателот информираа дека натпреварот завршил со резултат 5-5, а израмнувачкиот гол бил постигнат од неговиот син Николај Лукашенко, само 30 секунди пред крајот на средбата.

Exit mobile version