ВИДЕО: Ловец на богатство нашол застрашувачки снимки во Тенесија- откриена причината за смртта на младо момче

Ловецот на богтаство Рич Алоха  за време на една своја авантура пронашол камера во Тенесија, на подрчјето околу Форест Фолс.

Иако можеби се надевал дека на кмерата и понатаму ќе бидат зачувани снимките, не можел ни да претпостви дека на снимките ќе ги види последните моменти на Ричард Рагланд, кој пред две години се удавил на 22. години додека бил на излет на водопади со своите пријатели.

Камерата и после толку време бил функционална, а ја пронашол во кал. Неговите пријатели со години ја барале снимката за да ја заокружат приказната за неговата смрт.

Поприлично се изненадиле кога им се јавил Алоха.

„Навистина верувам дека Бог таму ме испрати за да ја пронајдам камерата. Мило ми е што ја најдов“, рекло момчето.

СД картичката била недопрена.

„Ја прегледав снимката и си помислив „О Боже, ова е тоа момче“, рекол Алоха.

Пријателите на Ричард ги пронашол преку Гугл, а потоа се јавил кај неколку луѓе за кои претпоставил дека се негови роднини.

Робин и Гери, родителите на починатиот Ричард, велат дека ќе се обидат да го погледнат видеото за да дознаат што довело до смрт на нивниот син.

„Беше добар пливач, сакавме да знаеме што точно се случило тој ден/ Она што го видовме е дека нашиот Рич сакаше да ужива во животот. Благодарни сме му на Алоха што ни ја врати камерата“, рекол таткото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега