ВИДЕО: Локви крв и стакло сведочат за убиството во Топанско - жителите открија што слушнале

Локвите крв и стакло од изрешетаниот автомобил сведочат за убиството кое го потресе Топанско поле утрово.

Како што информирасше МВР убиени биле две млади момчиња.

„На 05.03.2021 во 02:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Македонско - Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот..Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата 28-годишниот А.Б. и 24-годишниот Б.В., двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Жител на населбата за Сител изјави дека синоќа го разбудиле пукјотниците и веднаш излегол на прозор.

„Слушнавме пукање и беше јасно дека станува збор за пукање од пиштол. Станавме на прозор со жената на прозор, но немаше ништо. Подоцна како да слушнавме некој глас кој вели „бегај“. Се слушнаа барем едно 5 истрели, кажа жител на населбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа