ВИДЕО: Љубопитен Русин влегол во американска база во Сирија - „Ајде да видиме како живееле Американците“

Човекот кој зборува руски јазик вчера објави снимка од напуштена американска база на северот од Сирија, истиот ден кога Русија објавила дека нејзините сили влегле во регионот, пишува НБВ њуз.

На снимката се слуша како човекот вели: „Ајде да видиме како Американците живееле“.

Видеото е објавено на друштвените мрежи од празната база кај Манбиџа во покраината Алепо, околу 25 километри од турската граница.

Полковникот на американската војска Мајлс Кагинс, главниот портпарол на американската кампања во Сирија, потврдил дека Манбиџ е евакуиран во склоп на „намерното повлекување од североистокот од Сирија“, откако претседателот Доналд Трамп наредил прекин на американско присуство во тоа подрачје.

Трамп минатата недела рекол дека САД се повлекува од курдската територија на северот од Сирија и дека нема да се меша во туркста инвазија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега