ВИДЕО: Ликот на Исус се појавил на дрво во Колумбија- луѓето излегувале од карантин за да го видат чудото

Голем број верници ја прекршиле одредбата за карантин во Колумбија за да го видат како што тврдат „ликот на Исус“ на едно стебло, пренесува „Дејли Меил„.

„Ликот на Исус“ е приметен во неделата на едно дртво во градот Магангуе во Колумбија чии раширени гранки навистина потсетуваат на распнатото тело на Исус а на стеблото може да се види и облик кој наликува на неговото лице.

Фотографиите кои доаѓаат од таму, прикажуваат верници собрани во голем број за да го видат од блиску ова „чудо“ и да се фотографираат и да се помолат.

Ситуацијата ја опиша и новинарот Рафаел Родригел кој присуствувал на настанот.

-Група луѓе се собра овде за да го видат одна за што веруваат дека е ликот на Исус. Се чини дека заборанија на коронавирусот и гледаа смо во дрвото, вели тој.

Инаку во Колумбија има 1.700 забележани случаи на коронавирус, а се претпоставува дека досега починале најмалку 50 луѓе.

Низ целата земја е прогласен полициски час, а морските и копнените гранци се затворени.

Но наместо да се приджуваат до рестрикциите, многумина се собраа да го видат необичниот приказ на дрвото и да се помолат под неговата крошна за заштита од епидемијата.-Сите се молат земјата да биде ослободена од ова зло и за заштита на Магангуе, рекол еден од локалните жители.

Дури и градоначалникот на градот Карлос Кабрален го посетил местото со припадниците на полицијата за да им кажат на луѓето да си заминат дома.

Локалниот бискуп не ја коментирал целата ситуација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега