Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова е чиста манипулација. Вистината е спротивна: Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска..

Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност. На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот. Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504? Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите. Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет?

Напротив – го зајакнува, додаде Кузеска.


Exit mobile version