ВИДЕО: Курдите ја каменувале патролата, па биле запрени од руската војска - сепак, турската војска не била поштедена

Руската и турската војска веќе со денови заеднички патролира на пограничниот појас на северот од Сирија каде главно живеат Курди. Патролите почнале во договорениот рок кога минатиот месец за повлекувањето на курдските единици од пограничната зона се договорија претседателите Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.

Дол- сириско-турската граница во патролите на рускиот дел од конвојот го сочинуваат оклопни возила „БТР-80“, „Тајфун“ и „Тигар“, додека Турците ги користат своите оклопни транспортери „Кирпи“.

Русија исто така користи хеликоптери, кои првпат патролирале над градот Аин Иса, околу кој неодамна курдските и турските сили воделе жестоки борби. Сега руските хелихоптери се распоредени во воздухопловната база во пограничниот град Камишлија, каде од базата од Латакија се префрлени и противвоздушните системи „Панцир“.

Првите денови на интернет се појавија снимки како локалните Курди со камења и труло овошје и зеленчук удираат по оклопните возила на руската и турската војска која го надгледува договореното подрачје.

Овие снимки биле предмет на расправа на социјалните мрежи. Меѓутоа, една снимка сугерира дека руската воена полиција има добар однос со локалните жители.

Тоа го покажуваат интересните информации објавени на 8. ноември на социјалните мрежи. Претставени се две снимки кои покажуваат поминување на заедничката руско-турска патрола низ територијата таканаречена „безбедносна зона“ во северна Сирија.

Претходно колоните туркса и руска војска се среќавале со „дожд од камења“, дури имало и обид за кршење на прицврстениот митролез на оклопното возило „Тигар“ на воената полиција на руското министерство за одбрана.

Меѓутоа, овој пат ситуацијата со блокирање на патот и каменување на патролата се променила. На кадар се гледа како оклопно возило, после првиот удар со камен, запира пред Курдите и од него мирно излегуваат двајца руски војници,

Едниот им објаснува нешто на мештаните, кои се собрале. После краткиот разговор, руските војници се враќаат во возилото и мирно си продолѓуваат со работа.

После нив се појавуваат турски воени возила кои се дочекани исто со фрлање со камења. Логично е да се заклучи каква содржина имал разговорот меѓу руските војници и Курдите, кои ги удирале турските возила, а ги поштедиле руските.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега