ВИДЕО: Купиле куќа од соништата за 250.000 фунти, но не забележале еден недостаток - сега не можат нормално да живеат

Муазам Али и неговата сопруга Саика во ноември минатата година за 250.000 фунти купиле трособна куќа, меѓутоа сонот за заедничкиот дом се претворил во ноќна мора.

Кога се паркирале пред куќа не можеле да излезат од автомобилот.

Просторот за паркирање не бил доволно широк за да може да се отворат вратите и да се излезе од автомобилот без потешкотии.

Овој проблем го нема само семејството Али, туку и соседите до нив Зена и Пол Џонд.

Муазам и Саика велат дека седум месеци не го возеле својот автомобил. Инвеститорот при купувањето на нивната куќа рекол дека овој проблем ќе биде решен, но ништо не направил.

Според прописите на Обединетото Кралство минималната големина за паркинг простор мора да изнесува 2,4 метри и 4,8 метри должина.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега