ВИДЕО: Куманово како Венеција - невремето ги поплави улиците, водата ги наполни подрумите и гаражите

 Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Првичните информации од оперативците на РЦУК Куманово се дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што се информирани надлежните институции.

– Екипите на „Водовод“ веќе се на терен и се обидуваат да ја исцрпат водата од поплавените простори, изјави директорот на претпријатието Горан Стојковски.

Поројниот дожд го зафати Куманово пред 15 часот и непрекинато врнеше речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења. 

Видео од поплавата беше објавено на Фејсбук профилот на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- Куманово.

„Денес нов дожд го дофати Куманово и отвори стари проблеми. Појавата на „реки“ по улиците ни се повтори по којзнае кој пат. Поплавени домови и помошни простории, повторно станаа основа за плаќање на штета. Општината ќе плаќа и пак ќе очекува да ни се погоди топло и суво лето. Проблемите кои не ги решаваме не се губат, ниту пак се решаваат, туку само чекаме да „испливаат“.

„Не знаеме само кој попрво ќе попушти. Природата дали ќе ни се сожали или Општината ќе си ја заврши работата. Атмосферска канализација, Куманово, мора да добие во најкус можен рок! Не само да се донесуваат урбанистички планови и да се даваат решенија за легализација. Мора да се има план што и како сака да се постигне. 

Само со добро планско опсервирање на проблемите и потребните решенија може да се вроди со плод и веќе еднаш да заличиме на модерно општество, а не на селска паланка.

Мора за нас лично да ги менуваме работите, затоа што ние ги трпиме последиците.

ГДУ- Куманово порачува: доста е со стихиско постапување. Време е за планско и осмислено постапување. Граѓаните на Куманово заслужуваат“, е напишано во опис на видеото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега