ВИДЕО: Кучешкиот живот во Јапонија има друго значење - какви услуги им се нудат на аеродромот во Осака

Аеродромот Итами во Осака има тоалети за кучиња кои патуваат, кои вклучуваат и посебен држач на кој може да ја потпрат ногата.

Тоалетите се наоѓаат во одреден двор надвор од терминалите, а имаат и тушеви и садови со вода, соопшти оператерот на Кансаи еирпорт.

Тоа е првиот објект наменет за конфор на кучињата на еден јапонски аеродром, а целта на неговото поставување е миленичињата да се охрабрат да вршат нужда пред да отидат да летаат.

На службените кучиња на аеродромот им е дозволено да ги користат тоалетите за лица со инвалидитет, но после нив мора да се исчисти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега