(ВИДЕО) Куче се шокирало од филтер на ТикТок, неговата и реакцијата на бебето се непроценливи

Видеото кое на ТикТок собрало повеќе од 9 милиони прегледи станало вистински хит поради реакцијата на кучето и бебето на филтерот кој направил лицето на кучето да се изобличи и очите да му изгледаат поголеми.

На снимката може да се види како кучето и бебето несигурно се доближуваат до екранот на мобилниот телефон, како да сакаат да се уверат дека глетката која ја гледаат е реална.

„Кучето беше во шок“, напишала сопственичката во описот на видеото, а не било потребно многу време за коментаторите да почнат да се шегуваат со ситуацијата.

„Останаа без текст“, „Начинот на кој кучето подзастана е пресмешен“, „Бебето како да го прашува кучето – го гледаш ли тоа што го гледам јас“, гласат само дел од коментарите.

@voxiuk Dog was shook IG/maddy_n_bros #DogsOfTikTok #Filter #Funny #Fail #Baby #Cute #FunnyKids #RelatableLaughs #FeedYourCurious original sound - VOXI

10.03.2023 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа