ВИДЕО: Кражба каква нема ни на филм - 30 криминалци разнеле банка во Бразил со тешко оружје

Повеќе од десетина криминалци разнеле филијала на банка и почнале да пукаат кон полицијата во мал град во бразилската држава Сао Пауло, соопштиле денеска надлежните.

Според официјални извори околу 30 вооружени мажи учествувале во нападот кој се случил во текот на ноќта во градот Ботукату, 240 километри од главниот град на земјата, а потоа побегнале. Не е познато дали грабежот успеал, пренесува Ројтерс.

Секретаријатот за јавна безбедност на Сао Пауло рекол дека двајца полицајци и еден од осомничените биле ранети, а полицијата ги запленила пушките, возилата, парите и муницијата.

Осомничениот починал откако стигнал во болница, а полицијата го пребарува регионот во потрага по останатите бегалци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега