(ВИДЕО) Ковачки: Дезертеру Ковачевски, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска?

„Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска. Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата“. Овие клучни поенти ги потенцираше Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес--конференција.

Тој постави повеќе прашања до актуелниот премиер:

„Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?

Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?

Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?“

„Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност. Народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка“, изјави Ковачки.

28.09.2022 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа