ВИДЕО: Конечно насмевка на лицата на луѓето - дождовите ги ублажија пожарите во Австралија

Интензивните врнежи, проследени со грмежи, ги ублажија денеска пожарите во австралиското источно крајбрежје, што донесе олеснување на уморните пожарникари и фармери кои со години се борат против сушата, но и организаторите на првенствата на тенис во Австрлајија, кои почнуваат следната недела.

Австралија, позната по својата неопрена природа и плажите од септември се бори со пожарите во кои загинале 29 луѓе, како и милиони животни, а уништени се повеќе од 2.500 домови.

Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, се држави кои се најтешко погодено во пожарите и сушите, а сега со задоволство ги дочекаа дождовите, иако пожарникарите предупредуваат дека тие нема да ги изгаснат сите пожари, но значително ќе допринесат во нивното скротување, пренесува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега