Денес во ЗОО Скопје славиме голем јубилеј, 30 години од раѓањето на нашето сакано шимпанзо Коко, еден од најпрепознатливите и најомилените жители во нашата зоолошка, стои во објавата на скопската ЗОО..
„По тој повод, неговата зоонегувателка Александра му подготви специјална роденденска торта направена исклучиво од здрава, природна храна, како и кутии со изненадувања што Коко со љубопитност и радост ги отвораше заедно со другарот Изи Хартијата во која беа завиткани подароците е од целулоза и е целосно безбедна и нештетна за шимпанзата.
Како еден од најинтелигентните примати, Коко секојдневно не потсетува колку се блиски луѓето и шимпанзата и колку е важно да се грижиме за нив, да ги почитуваме и да ги штитиме.
Му посакуваме уште многу здрави, активни и среќни години исполнети со многу грижа и љубов“, стои во реакцијата на скопската зоо.

