Видео кое ја потресе Србија и регионот: „Тато, ова е за тебе“

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во земјата поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, голем број на граѓани се собраа на протест во Белград.

Синоќа беше бурно во српската престолнина, илјадници демонстранти се судрија со полицијата и дури упаднаа во зградата на Собранието откако Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во државата.

Запалени полициски автомобили, камења, солзавец и пендреци на сите страни, Белграѓани до раните утрински часови протестираа против српската власт, а во морето на потресни сцени, исплива видео како потенцијален симбол и реченица која долго ќе се изговара - „Тато, ова е за тебе“.

За време на демонстрациите пред Собранието на Србија, во програмата на Н1 „упадна“ еден од демонстрантите и испрати потресна порака која во истиот момент стана вирална и еден вид на симбол на протестите.

„Солзавец, боева муниција и пендреци на голораката младина. Тато, ова е за тебе. Почина, а немаше респиратори. Многу те сакам, ова е за тебе и за мојот син кој се роди“, изјави демонстрантот.

Репортерката на Н1 го праша од што починал неговиот татко, а тој одговори:

„Се уште не сум добил потврда. Не ги добив тестовите дека почина од корона. Во земунската болница немаше респиратори, а само зборуваа дека дури и донираме респиратори. Знам дека би бил горд на мене“, изјави тој

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега