ВИДЕО: Кит пливаше на само 200 метри од плажа во Хрватска - капачите ги дочека големо изненадување

Кит што се појавил во близина на плажа ги изненадил капачите кај Оребиќ во Хрватска.

Китот е снимен на 200 метри од плажата во Борје, место кај Оребиќ.

„Осумнаесет години не сум видел вакво нешто. Пливаше 200 метри од брегот. Изгледа заталкал и се обидува да го најде излезот“, изјави еден од капачите кои биле на плажата и го виделе китот, пренесува хрватскиот портал 24сата.

Тој додаде и дека е сигурен дека станува збор за истиот кит кој пред неколку месеци беше виден кај островот Шолта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега