ВИДЕО: Кинеските лекари и медицински сестри ја бричат главата за да се заштитат од коронавирусот

Медицинските работници во Вухан работат деноноќно во борбата против коронавирусот кој досега однесе 1369 животи.

Коронавирусот продолжува да го привлекува вниманието на светските медиуми, откако починаа 1369 лица, а над 60 илјади луѓе се заразеи

„Епицентарот“ на заразата е во кинескиот град Вухан каде што властите вложуваат огромни напори за сузбивање на заразата и помош на заразените луѓе. Во рамките на тие мерки, Вухан, град со 11 милиони жители е ставен под карантин, а експресно беа изградени и две нови болници.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како медицинските работници се шишаат „на нула“ поради коронавирусот. Како што велат, косата посебно на медицинските сестри им пречи при работата и се плашат дека би можеле да се заразат токму преку косата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега