ВИДЕО: Кина ја собира војската и се заканува - „Може да стигнеме до Хонгконг за 10 минути“

Кинеската војска соопштила дека ѝ треба се на се 10 минути да стигне до Хонгконг каде беснеат протести уште од март.

На снимките може да се види како кинеските војници парадираат и мавтаат со црвени знамиња на еден стадион во градот кој се наоѓа на границата со Хонгконг, а оклопните возила се видени и на стадионот во Шенжен.

Се проценува дека има повеќе од 100 возила, вклучувајќи воени камиони, автобуси и џипови. Најмалку две возила носат водени топови.

Поради тоа се повеќе се стравува дека Кина би можела да интервенира и да се пресмета со демонстрантите.

Дека Кина ги собира паравоените сили на народната полиција недалеку од границите со Хонгконг, потврдиле и сателитските снимки.

Протестите во Хонгконг траат од март поради предлогот за законот за екстрадиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега